Uncategorized Владата одобри набавка на лек за пациентите со спинална мускулна атрофија
На денешната седница Владата ја усвои информацијата за потребата од набавка на лекот Nusinersen (Spinraza) за пациентите со спинална мускулна атрофија (СМА) и го задолжи Министерството за финансии да обезбеди дополнителни 147.600.000 денари во Буџетот на Министерството за здравство за 2019 година.
Министерството за здравство, пак, се задолжува по обезбедувањето на средствата да спроведе постапка за доделување договор за јавна набавка за овој лек.
-Со воведувањето на новиот лек како прва генска терапија во нашата држава во третманот на пациентите со спинална мускулна атрофија, се добива можност за интервенирање и промена на текот на болеста со одржување и подобрување на моторната функција, а со тоа подобар квалитет на живот и продолжување на животниот век. Во Северна Македонија се регистрирани седум пациенти во детска возраст (до 18 години) и тоа СМА тип 2 и 3.
Овој лек во земјите во ЕУ се применува од 2017 година, а во повеќето балкански земји е во редовна примена од почетокот на 2018 година, наведува Министерството за здравство.



