Владата одлучи од петок да се отворат границите , угостителските објекти да работат во затворените делови и теретаните, а од 1 јули се отвораат и аеродромитe

На денешната седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, за целосно отворање од петок на сите гранични премини во државата, за непречено движење на патници и возила. Патниците на граничните премини не треба да приложуваат негативни ПЦР- тестови за Ковид- 19 и нема да бидат праќани во домашна самоизолација или во државен карантин, како во претходниот период. Владата одлучи од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром во Скопје и охридскиот „ Свети Апостол Павле “. Согласно овие одлуки, ќе биде укината забраната за организиран превоз , која исто така стартува од петок.

На денешната седница, Владата им даде зелено светло и на угостителските објекти, од петок да ја користат за работа и внатрешноста на објектите. Дозволена е и работата на теретаните и вежбалните, а од овој викенд и моловите ќе можат да работат во неделите.

За сите нови одлуки до петок ќе бидат изготвени протоколи , кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции, во чија надлежност се одлуките.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ