
Владата очекува позитивен извештај од ЕК
Владата очекува чиста и безусловна препорака и позитивен извештај од ЕК. Планот 3-6-9 е успешно спорведен, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пренесувајчи ја пораката од Брисел.
Според Османи реализирани се над 90% од мерките. Од вкупно 103 мерки нереализирани остануваат 10. Тоа се Законите за судови, за бесплатна правна помош, за странци, етичкиот кодекс за пратеници, стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, законот за централен електронски регистер на население, договорот со Фронтекс, информатички систем за интегрирано гранично управување.
Реформите се донесени низ транспарентен и инклузивен процес, во консултации со сите релевантни страни а значаен придонес дала и опозицијата. Но, реформскиот процес не застанува тука. Брисел будно ги следи и преговорите за името.
Во анализата на Владата како исполнета мерка стои и усвојувањето на Законот за јазици и покрај фактот што тој се уште не е стапен на сила. Османи го повика претседателот Иванов да го потпише законот и да даде придонес со кој ќе го обедини народот.
Иванов избира да остави празна книга за неговиот мандат, иако може да биде кохезивен фактор. Има уште неколку денови тоа да го стори. Ако не го направи, постојат други начини како законот да се стави во функција, рече Османи не прецизирајќи како тоа ќе се реализира без потписот на Иванов.
Јулијана Пешевска