Владата нема да се пазари со СОНК ама ќе преговара

Нема пазарење на владата со СОНК, убедува министерот за образование Арбр Адеми. Сепак ги поканува преставниците на синдикатот од образованието во текот на следната недела да седнат на маса и да преговараат за тоа дали просфетарите ќе добијат повеќе од 10 проценти покачување на платата.

Се надева дека ќе успееда ги премисли во намерите да штрајкуваат бидејки како што вели најавените покачувања од 10 преоценти и така се со историска вредност.

Дали ќе ја прифатат понудената покана за разговор за сега нема одговор од синдикатот. Вчера и даде рок од 15 денови на владата за помирување да вети дека ќе ги исполни колективните договори, да најде пари за к-15 и за дополнителите часови работа. Ако не најавија дека ќе штрајкуваат од 11 ноември се до исполнување на барањата. Од СОНК убедуваа дека тоа што сега бараат повисоки покачувања на платите не уцена пред избори.

За сега СОНК не знае како ќе се надополнат часовите за учениците ако професорите штрајкуваат. Власта е убедена дека ќе се договорат. Инаку Синдикатот за Образование организираше предупредувачки штрајк на првиот училишен ден, поради што почетокот на учебната година започна со еден ден задоцнување.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ