Владата не размислува за изедначување на акцизата на црвената нафта и дизелот

Владата најави дека ќе ги зголеми акцизите за горивата, но министерката за финансии Нина Ангеловска објави дека нема да ја изедначи акцизата за Екстралесното гориво со дизелот – со што требаше да се стави крај на масовните злупотреби со Екстралесното,  кои се на штета и на буџетот и на здравјето на граѓаните.

И Екстралесната нафта е вклучена во анализите и за неа има одредени предлози во нагорна линија секако , предлозите не се во насока за комлетно изедначување бидејќи имаме предвид дека се работи за антикризна мерка во едни вакви услови но владата ќе одлучи кога да се стави на дневен ред, рече Ангеловска. 

Иако министерката Ангеловска посочи дека се прават анализи, остана нејасно кој ги прави и што покажуваат бројките,  со оглед дека на прес конференцијата не беше овозможено директно да се поставуваат потпрашања. Но, фактот кој го потврдува и Регулаторната комисија за енергетика е дека за да се задоволат годишните потреби за домаќинствата потребни се 5 милиони литри Екстралесно масло за домаќинства, но се трошат дури 50 милиони литри, што укажува на масовни злоупотреби, но и дека се штитат криминални интереси. И првиот човек на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески посочи дека власта веќе не смее да ги толерира масовните злоупотреби што се прават со децении.

Да прозбориме за она што го знаат и децата во Македонија дека Екстралесното се злупотребува на различни начини мислам дека е крајно некоректно во услови кога ни умираат луѓе да се толерираат такви работи, рече Азески.

Поради ваквата состојба буџетот губи околу 30 милиони евра годишно – анализираат енергетските институции во земјава. Но посочуваат и дека важен е еколошкиот фактор бидејќи токму Екстралесното гориво има 100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е сто пати поголем загадувач.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ