
Владата не може со одлука да ја менува важноста на пасошите
Владата не може со одлука, да ја менува важноста на пасошите, затоа што тоа е регулирано со законот за патни исправи, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски.
И натаму се бараат решенија за проблемот со пасошката криза.
Вонредна владина седница може да се свика, но Спасовски вели дека најбитно во овој момент е менаџирањето со ситуацијата.