
Владата најавува 8 инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ вели – 4 се наши
Само во последниве два месеци, откако ја претставивме програмата за раст, без да потрошиме ни денар, имаме осум нови инвестиции во зоните, вредни над 73 милиони евра, а ќе отворат над 1.500 нови работни места, се пофали денес вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој ги наброја фирмите, Мурат Вајаринг, Чамданг Лајтинг Јуроп, Кеслер, Доган Отомотив, Чагатај Кабло, ВИК, Костал, Саген, со прецизни најавени вложувања и број на вработени. Но дали овие 8 инвестиции можат да и се припишат како успех на оваа Влада, бидејќи 4 од нив или веќе работат или биле во финална фаза на преговори со претходната власт.
МГС Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања, 523 (1) 13.05 до 13.21
„Точно е дека овие компании доаѓале во Македонија и разговарале, но точно е дека овие компании немале договор и не се договориле, точно е дека овие компании ние ги договоривме по нови критериуми, и тоа е апсолутната разлика“, вели вицепремиерот Анѓушев.
Не е вистина, тврди Анѓушев, дека претходната Влада целосно ги доградила зоните, затоа оваа во буџетот издвоила рекордно пари за таа цел.
МГС Кочо Аншушев, вицепремиер за економски прашања 3.28 до 3.51
„За жал, најдовме состојба во која добар дел од инфраструктурата не е завршена. ТИРЗ-овите во Прилеп и Струга, немаат инфраструктура, патишта, водоводна инфраструктура, немаат пречистителнои станици“, рече Анѓушев.
Анѓушев направи споредба со претходниците, вели за седум години и потрошени 225 милиони евра за роуд шоуа и промотори, донеле само 23 инвестиции. Симулациите покажале дека само три од овие компании нема да добијат повеќе пари според новата владина програма за државна помош, а тоа се компании на кои им било дозволено да не плаќаат придонеси. Кај сите останати буџетската поддршка ќе биде поголема од претходно, па шест од постојните инвеститори, веќе најавиле двојно зголемување на своите капацитети. Договори за државни субвенции не било проблем и сега да се склучуваат, бидејќи за тоа веќе постои закон, новиот само јасно ќе ги дефинира критериумите.
Заедно со овие осум, во следните шест месеци вицепремиерот најавува 30 нови инвестиции.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа дека билансот на оваа Влада е нула нови странски инвестиции и нула нови отворени места.
„Освен празни зборови, на денешната прес конференција на Анѓушев и Бектеши јавноста не слушна дека отпочнала со работа макар една компанија која што тие ја довеле да инвестира во Македонија. Напротив, СДСМ продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ да ги претстават како свои“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, 4 компании се веќе присутни во Македонија и цела година чекаа договор. Компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува од своите погони во Охрид. Компаниите „Мурат вајаринг систем“, „Чагатај“ и „ВИК“ се компании кои своите одлуки за инвестирање ги донесоа за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и имаат почнато процес на изградба на сопствени капацитети. Овие компании повеќе од година дена чекаа договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нина Нинеска Фиданоска