Владата контра дивите доконцесионери на охридските плажи, шанковите и плтаформите мора да се урнат

Сопствениците на кафулињата, шанковите, платофрмите и терасите поставени на охридските плажи кои веќе трето лето ги користат без да плаќаат никаов закуп, данок или надомест ќе треба да ги  демонтираат и тргнат а плажата да ја вратат на општината во првобитната состојба како што ја добиле.  Владата на вчерашната седница донесе одлука според која сите концесионери на кои им истекол закупот мора да тргнат се што имаат поставено на плажата.

„ На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја дополни Уредбата со која се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое закупот е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат“

Според информациите на Телма, министерството за траснпорт и врски ќе даде рок во кој концесионерите мора да ги исчистат плажите а надзорот ќе го прават градежните инспектори. Доколку роковите се пробијат, пазарната инспекција ќе ги затвори објектите на плажите а потоа локалната власт треба да ги урне, нешто што е малку веројатно ако се земе во обзир состојбата на теренот.

Охридскиот градоначалник повторно беше недостапен за изјава а на неговата официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ – „ја поздрави“  владината одлука со која според него конечно ќе се ставело ред во искорiстувањето на крајбрежјето во туристички цели.

Сите плажи долж охридскиот дел од крајбрежјето работат на диво бидејќи концесиите се истечени а лицитација за издавање на нови не е направена. Според официјалните информации од Општината дел од концесиите се истечени во 2017 а дел во 2018 година. Во 2017 на пет плажи им се издадени решенија за уривање на нелегално поставените објекти и опрема но наместо тоа тие дополнително ги надградија и проширија.

Три години, од УЈП не се заинтересирале врз основа на што концесионерите  на овие плажи вршат дејност и наплаќаат пари од туристите а пазарната инспекција упорно се прогласува како ненадлежна. Нејасно е и како ЕСМ наплаќало сметки за струја на непостоечки сопственик и на дивоградба.

Во 2018 година тогашниот градоначалник организираше јавен повик на кој концесионерите лицитираа но повикот пропадна поради валканата игра на дел од учесниците.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ