Владата ќе предложи од 4 до 7 уставни амандмани

Генерално, текстот на нацрт-амандманите на Уставот е усогласен. Вечерва ќе има уште една консултација, по што Владата утре на посебна седница ќе ги усвои и испрати во Собранието. Ова е заклучокот од средбата на премиерот Заев со независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Утре ќе се знае дали во Преамбулата ќе се спомене и Охридскиот рамковен договор. Бројот на амандманите ќе биде меѓу 4 и 7, но секој пратеник може да поднесе амандмани на амандманите, потсетува Заев.

Новата опозициска пратеничка група предлага: дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, ништовност на Договорот доколку грчката страна не го ратификува и не го поддржи нашиот влез во НАТО, како и сукцесивна примена на новото име, во согласност со отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ.

Според Мукоски, Договорот содржи и штетни елементи, но мора да се прифати а нивните амандмани ќе внесат дополнителна заштита.

Од понеделник ќе почне да функционира Телото за помирување, што беше четврто барање на групата опозиционери што гласаше за отварање на Уставот. Во него, велат, добредојдени се сите пратеници и сите партии.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ