
Владата ќе ги гради Чебрен и Галиште
По 12 пропаднати тендери за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, Владата одлучи сама да го реализира проектот. Премиерот Заев не откри детали кога ќе почне изградбата и кој модел е избран но уверува дека е најдено конечно решение.
Проектот не го даваме на тендер. Дефиниран е проектот. Владата сама ќе ги гради хидроцентралите, кажа Заев.
Од ЕЛЕМ не потврдуваат дали компанијата ќе ги обезбеди пари и ќе ги гради централите и за одговор упатуваат на владата. Од Министерството за екологија пак информираат дека треба да се изработи нова физибили студијата за влијанието врз животната средина бидејки последната датира од 2003-та.
Изградбата на овие два енергетските капацитети беше најавена уште лани со нагласка дека реализацијата ќе почне 2018 година и тоа на реален капацитет на електраните кој е далеку помал од порано направените проекции.
Како дел од засилените инвестиции кои започнуваат во инфраструктура од оваа пролет за кои се обезбеденеи 270 мил. евра е и патот Штип – Радовиш. Ќе почне да се гради за десетина дена и можно е рече заев тој да биде готов до крајот на годинава. Набројувањето на веќе почнати проекти според ВМРО – ДПМНЕ е доказ дека партијата имала одлични политики во делот на инфраструктурата.
Скоро една година ги манипулира граѓаните дека ќе почнат нови 600 километри автопати, а во реалноста не можат ни да го пуштат во употреба завршениот автопат Демир Капија – Смоквица. Ако за една година не можат да пуштат завршен автопат можеме сите да замислиме што се случува со сите останати проекти во инфраструктурата, кажа Владо Мисајловски од ВМРО – ДПМНЕ.
Во однос на гасификацијата и Владата апелира до градоначалниците да ги изработат проектните документации и да ја искористат можноста на ЕБОР за финансирање на секундарната гасоводна мрежа.
Виоолета З Стојановска