Владата ја усвои информацијата за нивелација на платите во институциите од културата

На денешната седница , Владата на Република Северна Македонија, ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од културата, по дејности, информира премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил. Како што напиша тој, со оваа одлука на Владата, 2899 вработени во културата ќе имаат зголемување на платите, почнувајќи од платата за месец април 2019, која вработените ќе ја добијат деновиве. Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, од националните и од локалните установи.

Подготовката на нивелацијата на платите во културата, се одвиваше во изминативе 6 месеци во Министерството за култура, а беше реализирана на барање на Синдикатот за култура , за да запре трендот, вработени на исти позиции, во различни установи од културата, да земаат различни плати.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ