Владата и СОНК блиску до договор

СОНК и МОН се на добар пат да постигнат решение за платите на просветните работници, рече министерот Адеми по завршување на денешната средба со лидерот на СОНК и со премиерот Заев во владата.

Адеми не откри детали дали е можно прифаќање на сите услови на Синдикатот на просветните работници, но рече дека се разгледуваат сите решенија коишто се во согласност со можностите на владата и министерството.

Напредокот во преговорите го потврди и првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, додавајќи дека по спротивставувањето на аргументите од двете страни има уште работа. Неделков најави дека следната недела ќе има уште неколку средби меѓу Синдикатот и министерството, на кои се очекува да се постигне договор. Тој го повтори ставот дека СОНК не отстапува од барањето – зголемувањето на платите да стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ