
Од утре пократок полициски час
Полицискиот час ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро а за време на викендите од сабота во 15 часот до понеделникот во 05 часот. Одлуката стапува на сила од утре.
За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05 часот наутро.
Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.