
Владата го разреши директорот на БЈБ Лазе Велковски
На денешната владина седница е разрешен директорот на БЈБ Лазе Велковски, чие барање за разрешување беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски после скандалот со службениот џип со кој ќерката на Велковски била однесена на летување во Грција на Илинден. Извори од владата потврдија дека разрешувањето било прифатено и изгласано.
Немало одлука за назначување на нов директор на полицијата. До изборот на нов директор кој треба да го предложи министерот Спасовски и да го назначи владата, со Бирото за јавна безбедност ќе раководи актуелниот заменик директор на БЈБ, Бесир Деари.
Владата најави соопштение за одлуката.