Владата го нуди Планот за раст на бизнисмени од Саудијска Арабија

И новата Влада не може да одолее на капиталот од петродоларите. Бизнис делегација од Саудиска Арабија днесека во Македонија, прво се сретнаа со премиерот Заев, засилен со економските соработници. Ја претставил Македонија како стабилна дестинација со одлични природни ресурси, но и можности за инвестирање, особено сега со новиот владин План за економски раст. Доколку решат овде да вложат дел од својот капитал, потенцијалните инвеститори од Саудиска Арабија може да добијат значителна државна финансиска поддршка, но тоа ќе биде по транспарентни критериуми, кои се еднакви за сите.

„Ве повикувам да ги разгледате и да аплицирате по мерките за поддршка што ги овозможува Планот за економски раст. Инвестициите и Владата на Република Македонија ви стојат на располагање. Владата е цврсто определена да го поддржи и помага бизнисот“, им порачал премиерот Зоран Заев.

И бизнисмените од Стопанската комора на Македонија ги примија Саудијците, главната цел им е да го освојат пазарот на Блискиот исток. Првиот човек Азески вели дека се пред отворање на свои претставништва во Кувајт, Ирак и Оман, но Саудијска Арабија како земја лидер им е многу значајна како центар да се „освои“ заливот, а први со свои производи сакаат да продрар прехранбената, хемиската и фармацевтската индустрија.

„Нашата тенденција е да ги ортвориме пазарите на Блискиот исток, бидејќи нивото на размена со ЕУ веќе го достигна својот врв од околу 70 отсто. Со Саудијска Арабија имаме слаба размена 10,7 милиони долари, веќе работиме на тоа за да ја зголемиме и таа да стане значаен партнер“, рече Азески.

Гостите, бизнисмени и извршни директори на компании од градот Џеда овде сретнале пријателска атмосфера.

„Се надеваме овој состанок ќе создаде иницијатива и мостови за соработка“, рече Ал Навасиер.

Претходната Влада многу играше на картата на соработка со Блискиот исток, Поранешниот премиер Никола Груевски со владин тим на крајот на 2014 година во Ријад во Саудиска Арабија се сретнаа со престолонаследникот на Кралството, каде се разговарало за продлаболување на соработката, но бројните посети овде и патувања на наши делегации таму не вродија со позначајни инвестиции или наш извоз во тие земји.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ