Владата денес ќе одлучува за полицискиот час за викендот

Владата денеска треба да решава за предлогот поднесен од Комисијата за заразни болести полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник.

Причината, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со Ковид-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови.

Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ