
Влада: Ќе се донесат одлуки од интерес на државата и граѓаните
,,Во тек се консултации на различни нивоа , одлуките се носат исклучиво со највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом има одлуки тие веднаш ќе бидат изнесени во јавноста . Премиерот оствари комуникација и со премиерите на Бугарија, Германија, Шведска , Словенија , Малта и други европски лидери вклучително и со еврокомесарот Хан и од сите нив стигна јасна порака , државата да продолжи по патот по кој тргна , да продолжи со реформите и интеграциите-брифираат од Владата . ,, Сите оддадоа јасно признание но сите чекори кои ги презеде Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени-цитираат од кабинетиот на премиерот Заев.