
Влада: Јавните настани и собири да се одложат до 6-ти март
Владата, на денешната седница, го прифати предлогот на Управувачкиот комитет и министерството за здравство да се одложат сите поголеми јавни собири во наредниот период поради опасноста од корона вирусот. Владата донесе заклучок со кој на организаторите им се препорачува настаните да бидат одложени до 6 март. Тоа се однесува на двата карневали во Стумица и Прилеп, и на сите спортски настани и првенства вклучувајќи го и натпреварот од лигата на шампиони на ракометниот клуб вардар.
- Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.
Во минатото денонокие не се регистрирани нови случаи на заразени со корона вирусот. Во моментот сеуште се чекаат резултаите од тестот на жител на Струмица кој бил во кризен регион во Италија. Министерот Венко Филипче соопшти дека тој пристигнал во Македонија, на 22 овој месец, а се пријавил утрово бидејќи имал покачена телесна температура.
Двајца бугарски државјани кои живеат и работат во Битола биле во Италија и поради тоа наредните 14 дена тие ќе ги минат во домашна изолација.
Околу скопјанката која е носител на коронавирусот, Филипче соопшти дека е во стабилна здравствена состојба, без никакви компликации и додаде дека лекарсиот тим проценил дека веќе почнала да закрепнува. Исто така дванаесетте лица од Скопје и Струмица кои се во домашна изолација се во добра здравствена и психичка состојба а тимови на Црвениот крст секојдневно вршат дотур на храна вода и сите неопходни продукти.
Огнен Чанчаревиќ