Вклучен аларм за предвремени избори

Вклучен е алармот за предвремени парламентарни избори. Покрај барањето на опозицијата, невладините организации и експертите укажуваат на фактот дека се подготвува теренот за избори. Сашо Ордановски предупредува дека ни претстои жешка политичка есен каде опозициската  ВМРО ДПМНЕ се подготвува за дискредитација на Премиерот Заев преку поседување на видео материјали слични на т.н. бомби.

Проблемот е кој состав на ДИК ќе ги спроведе референдумот и евентуалните избори затоа што политичките партии немаат воља да го професионализираат ова тело.

Невладината Цивил смета дека без реформи и законски измени не може да се организираат слободни избори. Избирачкиот список е во лоша состојба, присутна е политичката корупција и поткуп на гласачите, постојат сериозни финансиски и медиумски манипулации.

Претставниците на помалите политчки партии бараат да се смени изборниот модел и Македонија да биде една изборна единица затоа што само на тој начин ќе може да се ослободат од зависноста од големите политички партии. СДСМ имаше изборно ветување дека доколку дојдат на власт ќе го сменат изборниот модел, додека ВМРО ДПМНЕ е за мнозински модел. И двете партии изминативе денови имаат теренски активности и остваруваат средби со граѓаните, но не откриваат дали има договор за предвремени избори и кога тие би се одржале.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ