
Визијата на студентите за Дебар Маало
Тротоари со возила, малку дрвја и метеж е сликата коај и денеска може да се види ако се движИТЕ во Дебар Маало. Студентите по архитетура цел семестар работеа на ослободување на јавниот простор, па наместо непристапни тротоари , на 10 локации кои ги избраа треба да има велосипедски патеки, паркови и дрвореди.
Меѓу предвидените локации се и бараките на општина Центар.
На проектите работеа околу 100 студенти под менторство на проф. Дивна Пенчиќ, поделени во 18 групи. ИПрво го истражувале теренот и велат дека нивните проекти можат да се применат.
На паркингот кај општина Центар денеска се одржа јавна презентација на шестмесечната работа на идните архитекти , на која беа излжени макетите и постерите за едно поинакво Дебар Маало.
Теодора Цветковска