Визер укинува летови од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон

Ниско буџетската авио компанија Виз ер ги укинува авионските линии од Скопје до Барселона од 26ти октомври и од Охрид до Лондон од 24ти октомври. Ова го објави спејализираниот сајт за авијација ексјуавиешн.ком. Укинувањето на овие две авио линии доаѓа кратко по поништувањето на јавниот повик на Владата за финансиска поддршка на ниско буџетски авио компании по истекувањето на договорот за субвенционирање на авио компанијата Виз ер на крајот на јуни.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски појаснува дека поради одредени пропусти  на единствената пристигната понуда, комисијата за евалуација го поништила јавниот повик вреден 5 милиони евра наменети за ниско буџетски авио превозници. Планот на министерството е во најкус можен рок да распише повторно јавен повик за финансиска помош за авио превозници со кој тие ќе се субвенционираат за наредните три години.

Од компанијата Визер го дообјаснуваат укинувањето на авионските линии.

„Рутите од Скопје до Ваксјо и Барселона како и од Охрид до Лондон Лутон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона. Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија“, велат од „Виз ер“.

„Виз ер“ ќе ги прекине  и летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември, поради слабата побарувачка. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети ќе биде прекината. Оваа ниско буџетска компанија во последните 8 години  има добиено 9 и пол милиони евра државна помош.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ