
Визбеговци не ги сакаат децата од поранешен „Ранка Милановиќ“ во своја близина
Оваа куќа во моментов е дом на три деца доскорешни штитеници на домот Ранка Милановиќ, сега на мал групен дом. Од неодамна се префрлени тука оти социјала одлучи дека ваквиот начин на згрижување ќе биде поефикасен во нивното воспитување.
Но, денеска беа дислоцирани, за да не гледаат како првите соседи од населбата Визбегово протестираат. Во име на безбедноста и доброто на штитениците всушност се плашат за својата и безбедност.
За преставниците на центарот ваквото однесување на жителите е дискриминирачко.
Но од друга страна жителите обвинија дека и вработени во центарот преку социјлани мрежи ги навредувале за тоа што не се согласуваат децата со проблематично воспитување да им се во близина. Социјалана најави дека ќе го испита случајот.
И додека возрасните се неподготвени за еден ваков проект неизвесно е како во иднина овие деца ќе се движат во околината во која треба да се социјализираат и едуцираат. Министерката за социјала Мила Царовска преку својата фејзбук страна им се обрати на жителите.
- Трите деца за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Се надевам дека разумот ќе преовлада и ќе се обединеме во заедничката цел – да обезбедиме топол дом и подобри услови за раст и развој за секое дете, вели Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика .
Се огласи и хелсиншкиот комитет кој смета дека изјавите од типот инектирање на страно тело, како што стои во петицијата на жителите се срамни и дискриминирачки. Од друга страна пак визбеговци не отстапуваат и најавија протести пред министерствтото и уницеф. Инаку ваков беше случајот и со жителите на неготинско Тимјаник кој се противеа во нивното село да има дом за деца со посебни потрби, но откако ги запознаа ги прифатија. Идејата на министерството пак беше да се укинат гломазните институции и да се создадат семјни услови за деца загрозен статус. Јавноста го запозна домот Ранка Миланович поради честите бегства на децата од таму, а дел од нив беа и силувани, без никој да ги пријави тоа.
Билјана Николовска