
Вице Заев во судница ги образложи сите бизниси во кои има учество
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски побара и доби одговор во кои фирми Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев има удел затоа што тужбата на Заев против него е дека тој во медиумите го нарекол „бизнис фактор“, и му ги нарушил угледот и честа. Заев, одговори дека е сопственик на само две македонски фирми, за потоа да објасни дека има удели и во други, тврди Николовски.
Вице Заев одговараше, Николвски го испрашуваше во судот. Соочувањето продолжи и пред судот, а Заев не ги одбегна медиумите. Објасни зошто бара 500 евра од Николовски.
Николовски му врати дека мора да трпи критика како јавна личност, соочувајќи го со неговите интервјуа давани во медиуми.
Прв во судот пристигна Заев, а Николовски му подаде рака. Според него ваквите преприки во медиумтие не треба да се водат по судовите, со критика до неговите сопартијци кои исто така тужат во граѓанскиот суд. Заев, пак ќе рече дека сакал да тужи и за обвинувањата дека тој, неггвоиот брат, премиер и Сашо Мијалков формирале „криминала коалиција“, но го пропуштил рокот за тужба. Наредното рочиште ќе се слуша главниот доказ во кои според Заев, Николовски го навредува, а двајцата ќе даваат завршни зборови.
Павле Беловски