Вице Заев бара 500 евра отштета од Александар Николовски

Братот на премиерот станува главен бизнис фактор во државата. Ова е дел од изјавата на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски поради која одговара за клевета  во граѓанскиот суд. Братот на премиеот Вице Заев го тужи за нарушена чист и углед и бара оштета од 30 илјади денари. Николовски дојде без адвокат – сам ќе се брани. Заев  денеска не се појави. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ ќе се соочи со братот на премиерот , на следното рочиште и кажа што ќе го праша за да се подготви до 26 февруари.

Николовски тужбата ја нарече „нон сенс“ и политички притисок од власта. Вели изјавата ја дал како потпретседател на опозициска партија која има право да ја напаѓа работата на владата. Меѓу доказите нуди медиумиски тестови поради кои како што вели стекнал впечаток дека братот на премиерот станува главен бизнис фактор во државата.

„Сметам дека ова е порака до сите бизнисмени во државата. Ако може главниот бизнис фактор да го тужи вториот човек на ВМРО ДПМНЕ, што може да им се случи на нив“, вели Николовски.

За разлика од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски кој често го критикува судството во своите говори, Николовски рече дека верува во правниот систем очекува судот да ја одбие тужбата .

Адвокатот на Вице Заев, Горан Заев, не даде изјава за медиумите но во судницата  рече дека тврдењата на Николовски дека јавно изразувал мислење се неосновани

„Напротив тужениот кажувал клевета, непотврдени факти дека преку наместени тендери тужителот станал бизнис фактор. Неосновано е тврдењето дека тужителот е јавна личност. Никогаш нема јавно настапувано. Тоа што опозицијата го споменува на секој втор прес во негативен контекст не го прави јавна личност“.

И екс директорот на УБК Сашо Мијалков најави тужба за Николовски за изјавата која ја даде по првото гласање за уставните измени во октомври кога рече дека е направена криминалната коалиција мегу  Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков и споменуваше поткуп на пратеници. Но, според информациите од судот таков предмет за клевета нема во судот. Според неофицијалната статистика на граѓанскиот суд последните 2 години имало 44 предмети каде тужител или тужен за клевета бил политичар. Во 18 предмети тужителот ја повлекол тужбата.

„И во Брисел и во Вашингтон многу добро знаат која е ориентацијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека таа е прозападна, про-НАТО и про-ЕУ. Всушност, ние сме и прва партија која тоа го промовирала. Во исто време многу добро знаат дека прозападни и про-НАТО и про-ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот, кој станува главен бизнис фактор во државата. Тоа се далеку од едни европски и западни вредности. Ова го изјавил Николовски, поради што Вице Заев го тужи за клевета“.

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ