
Висината на казната за фирмата, која е виновна за хаваријата во реката Брегалница, по резултатите на анализите
Висината на казната за фирмата, која е виновна за хаваријата во реката Брегалница, која пред два дена побеле од густа течност ќе зависи од резултатите на анализите кои се прават во лабарторија во Скопје. Добра вест е што материјата која ја побеле Брегалница не е штетна за животинскиот и растителниот свет. Заминик министерот за животна средина Јани Макрадули смета дека овој инцидент во реката Брегалница, како и во Велес покажуваат дека подитно е потребно вмрежување на локалните и државните инспектори, со цел поголема ефикасност на теренот.
Инспекторатот донел една мандатна казна, која е првична, а кога ќе се добија анализите ќе се донесе и конечната одлука за казната, која се движи од 3.000 до 100.000 евра. Анализите изминатите денови покажаа дека водоснабдувањето на Штип е безбедно.
Причина за еколошката хаварија во реката Брегалница е пукнато црево на цистерна на српска транспортна компанија, која пренесувала хемикалии за фирмата Техникал Текстајл во штипската ТИР зона.
Викторија Јованова