Висат реформските закони – ВМРО-ДПМНЕ не учествува во „Жан Моне“

Последните случувања на политичката сцена го замрзнаа процесот ,, Жан Моне,,. Одложена е утрешната рунда разговори која требаше да се одржи во Скопје. Поради неможноста да се постигне меѓупартиски комропмис и најавата на ВМРО ДПМНЕ за замрзнување на нивното учество во дијалогот поврзано со притворите на нивните функционери, европратениците нема да ја реалзираат престојната рунда разговори. ВМРО ДПМНЕ не отстапува од одлуката се додека не се прифатат нивните барања. Во прашање е доведена и подршката за системските закони.

СДСМ и ДУИ се надеваат дека процесот не е мртов. Во наредниот период ќе се обидат да разговараат со ВМРО ДПМНЕ за преиспитување на нивниот став.

Но и покрај фактот што Иво Вајгл не сака да учествува во процесот без ВМРО ДПМНЕ, се најавува дека неколку европратеници ќе дојдат во Скопје во петок за да се сратнат со сите страни, надвор од форматото „Жан Моне“.

 

Јулијана Пешевска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ