Висат потребните 80 гласа за одземање на мандатот на Груевски

Пратениците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на нивниот почесен претседател Никола Груевски, кој до крајот на идната недела треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“ на СЈО.  Од партијата се децидни дека тој е жртва на политички прогон од актуелната власт.

Вчера и координаторот на независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, Елизабета Канческа – Милевска, најави дека осуммината претаници од оваа група нема да поддржат одземање на мандатот на Груевски.

Седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања на која ќе се разгледува предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе се одржи во вторник. Од комисијата, каде се мнозинство претставниците на власта, се очекува да достави предлог мандатот на Груевски да му биде одземен според член 59 од собранискиот Деловник, односно како недостоен да ја врши функцијата пратеник поради затворската казна.

Сепак клучниот збор го имаат пратениците бидејќи за одземање на мандат е потребно двотретинско мнозинство односно најмалку 80 гласа.

Во меѓувреме роковиоте за Груевски течат. Тој има уште пет дена до истекот на рокот, 8 ноември кога мора да се јави на издржување на казната. Вчера судија на претходна постапка го одби негово барање за одложување на издржување на затворската казна поради неодложни обврски, а според процедурите Груевски има рок од 72 да поднесе жалба на оваа одлука која ќе ја разгледува Кривичен совет во скопска единица. Неговиот адвокатски тим подесе барање за вонредно преиспитување на пресудата кое сеуште не е пристигнато до Врховниот суд.

Од ВМРО – ДПМНЕ денеска најавија дека ќе поднесат жалба до Стразбур на одлуката за замрзнување на дел од партискиот имот.

Во четвртокот судот го уважи барањето на СЈО во рамките на предметот „Талир“ и донесе одлука за привремено обезбедување на 69 објекти вклучувајќи го и седиштето на партијата.

 

Огнен Чанчаревиќ

https://youtu.be/Y-e6495LTP8

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ