
Вирозите и грипот ги наполнија болниците
Грипот и вирозите се во пол ек. На детските оддленија се бара кревет повеќе. Периодот дневно се прегледуваат преку 100 деца. Ваквата состојба ќе потрае, прогнозираат лекарите. Амбулантите и болничките капацитети полни ќе останат до крајот на март.
Засега, болниците успеваат да менаџираат со капацитетите, но проблем останува кадарот. И болницата во Козле, како и детската клиника кубури со медицински сестри.
Токму недостигот на кадар минатата недела беше причина за времено затворање на хематолошкото одделение на детската клиника. Болните деца беа префрлени во други оддели, бидејќи дел од медицинските сестри заминале на боледување, а раководството не успеало да организира ноќно дежурство. Министерот за здравство ден потоа кажа дека одобрени се 20 нови вработувања и дека веќе се преговара со Фондот околу платите.
Весна Дојчиновска