
Виновни политичарите за застојот на предметите на СЈО во кривичниот суд
Предметите на СЈО не почнаа од почеток заради вина на судот туку заради распадот на специјалното јавно обвинителство тврди претседателот на кривичниот суд Скопје. Во одбрана на судијата кој продолжи да го суди првиот предмет на специјалните за насилствата во општина Центар, Џолев објасни дека тој закажал три рочишта, но на нив обвинителите од СЈО се уште немале овластувања од матичните обвинителства.
„Трезор“, „Тендери“ и „Тортура“ каде што поротник се повлече ја делат судбината на предмети вратени од почеток.
И со вакво темпо на судење Џолев е задоволен од работата на колегите судии. 24 виоскопрофилни предмети во 2017 влегле во судот, а во 10 веќе има одлуки, тврди Џолев. Тој најави дека до крајот на годината очекува одлуки уште во неколку предмети на СЈО иако дел од нив се соочуват со истек на обвиненијата.
Секој судија самостојно се згрижи за начинот на кој го води предметот, а претседателот потврди дека разговарал со неговите колеги за забрзување на предметите.
Критиките кон судот се неосновани тврди Џолев , бидејки судот во Скопје решил 63 проценти од предметите од вкупно 54 илјади предмети до Октомври.
Денеска истекува рокот за поднесување жалби на обвинението за „Рекет“ кое најверојатно ќе биде оценето кон крајот на наредната недела.
Павле Беловски