Вињалес го прекина најдолгиот пост на „Јамаха“

Возачот на „Јамаха“ Маверик Вињалес тримфираше за Големата награда на Австралија, 17 трка во најсилната Мото ГП класа од светскиот шампионат во мотоциклизам.

Шпанецот на патеката „Филип Ајленд“ го прекина постот од една година за петата победа во кариерата во „кралската класа“. Воедно по пауза од 25 трки обезбеди триумф за „Јамаха“ по ланското славје од холандското Гран при на Италијанецот Валентино Роси.

Победничкиот подиум го дополнија двајца Италијанци. Андреа Ианоне на „Сузуки“ беше втор, додека за третата позиција се избори Андреа Довициозо на „Дукати“.

Откако пред две трки Шпанецот Марк Маркез ја осигура одбраната на титулата, возачот на „Хонда“ не стигна на целта по сударот и големиот инцидент со Французинот Жоан Зарко на „Јамаха“.

Шампионатот во мотоциклизам продолжува следниот викенд кога ќе се вози на патеката „Сепанг“ за Големата награда на Малезија.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ