
Вилма на местото на Катица, СЈО заминува во историјата
Катица Јанева и СЈО заминуваат во историјата. На сцена стапува Вилма Рускоска и ново обвинителство. Премиерот предложи нов закон со кој ова обвинителство ќе функционира во рамките на Републичкото. Новото име ќе му биде -Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Рускоска во моментов шефува во обвинителство со речиси ист назив, на кој му фали само зборот „висока„.
Заев предлага, новото обвинителство да не се бира од страна на Собранието, туку од Советот на јавните обвинители и да има финансиска самостојност.Буџетот ќе го предлага новата шефица, кој владата ќе биде должна да го одобри. Се предлага, архивата на СЈО и сите материјали да се префрлат во новото обвинителство, но не кажа дали бомбите ќе се користат во нови случаи. Само нагласи дека почнатите случаи на СЈО ќе продолжат.
Предлогот на Заев доаѓа по неуспехот да одржи лидерска средба и да се договори со ВМРО-ДПМНЕ за нов Закон за јавно обвинителство, со кој требаше да се реши и статусот на СЈО. Ќе го достави и до остантите партии и верува дека до крајот на месецот може да обезбеди консензус и двотретинско мнозинство, а во септември новиот закон веќе да се донесе.
Од ВМРО ДПМНЕ за Телма велат декауште не го добиле законот, штом ќе го добијат, нивните работни тела ќе го анализираат, по што ќе се изјаснат. До тогаш, остануваат да работат на својот закон. Во однос на предлогот, новото обвинителство да го води Вилма Рускоска, велат дека тоа е само желба на Заев, кој, според нов, очигледно и понатаму се обидува да работи на својот спас и амнестија од криминалот и на затворање на ВМРО ДПМНЕ.
Далиборка Демјанска Цветановска