
Виктор Димовски нов директор на Агенцијата за национална безбедност
Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи, денеска е именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност.
Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од 20 години искуство.
Во изминатиот период тој бил амбасадор во Србија и Црна Гора, како и во Израел.
Од 2007-та до 2009-тата година Димовски беше директор и на Агенцијата за разузнавање, со одлука на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски.
На денешната седница, владата го именуваше и поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, за нов директор на истражниот затвор во Шутка.
Претходниот директорот на затворот , Ѓоко Котевски, поднесе оставка на функцијата поради инцидентите од 21-ви февруари, кога беа нападнати притворениците и поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Сепак, владата тогаш само ја констатираше неговата оставка, но заради забраната за разрешувања и именувања функционери по закажувањето на претседателските избори, тој и натаму продолжи да ја врши својата функција.