(видео) Викендов аукција на 1000 предмети од Елизабет Тејлор

Повеќе од 1.000 предмети кои и припаѓаат на оскаровката Елизабет Тејлор, овој викенд ќе бидат на аукција, во аукциската куќа „Џулиенс“ на Беверли Хилс. Предмететите се од многубројните резиденции на Тејлор, во кои таа живееше во светот. На распродажба се од обични предмети кои ги користела во домаќинството до скапоцените фустани, уметнички предмети кои беа дел од нејзините настапи на екранот и во театарот.

Тејлор, која почина во 2011 година на 79-годишна возраст, се прослави уште во детството како ѕвезда на МГМ продукцијата во 1940-та, но нејзината слава никогаш не се намали, благодарејќи на богатиот живот, од неколкуте бракови до болеста и хуманитарната работа, како и актерската кариера која го достигна врвот во 1966-тата, со филмот „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“, улога која и го донесе Оскарот.

Предметите на аукцијата се движат во вредност од 100 до 6.000 долари, а нејзиниот автомобил има почетна цена од 100.000 долари. Сите собрани средства ќе бидат префрлени во нејзината фондација за СИДА.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ