
(видео) Скопјани синоќа ги наполнија кафулињата
Скопјани ги наполнија кафеаните синоќа на првиот ден од отворањето. Камерата на телма забележа дека дел од нив ги почитуваа мерките, со држење на дистанца, но голем дел уште првиот ден се олабавија и луѓето брзо им се вратија на старите навики. Првично беше одлучено кафулињата да работат до 20 часот, но според новиот протокол ќе работат до 22 часот. Министерот за економија Бектеши најави дека ќе побара Комисијата за заразни болести да го преиспита протоколот за работа на угостителските објекти каде е пропишано колку лица може да се послужат на една маса и дали се од исто семејство или не.