(видео) Русковска задоволна од почетокот на судењето за „Рекет“

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска е задоволна од почетокот на судењето за случајот, но вели дека очекувала признание на вина од повеќе обвинети, а не само од обвинетиот Зоран Милевски Кичеец. Таа пред новинарите го кажа дел од воведниот говор од судницата.

Адвокатите на Катица Јанева истакнаа дека имаат подготвени докази и според неа, судот ќе може да донесе правилна одлука. Адбокатот на бизнисменот Орце Камчев пак рече дека и натаму ќе бараат од судот тој да се води како „оштетен“, и истакна дека Камчев не е криминалец.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ