(видео) Пожарот кај велешко локализиран, приведени четворица

Пожарот што избувна во близина на Велешко езеро е локализиран, но од ТППЕ Велес за Телма велат дека не можат со сигурност да потврдат дека е целосно изгаснат.

50-тина пожарникари шест часа се бореа со огнената стихија, која поради силниот ветер се рашири во два правца. Успеааа да го локализираат пожарот кај Башино Село за дане стигне до Велес. Опожарена е голема површина на нискостеблеста и борова шума, а според проценките околу 400-тини хекатри.

Противпожарните екипи остануваат на терен се додека не го ликвидираат пожарот. Нема опасност за куќи и викендици. Во моментов горат трева, трње и бор.

Во меѓувреме, од СВР Велес соопштија дека четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот што денеска избувна над езерото „Младост“.

– Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат за од СВР Велес.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ