
Видео порака на папата Франциск
Папата Франциск денеска објави видео порака по повод престојната посета на нашата држава во која ја потенцира радоста и пријателството кои ги чуствува кон граѓаните и црквата. Во своето обраќање папата Франциск нагласи дека сега е потребно да се развива култура на братство и помош и дека посетата ја посветува на Мајка Тереза. Говорејќи за нашата држава тој истакна дека различните клутури, религии и етникуми даваат посебна убавина и дека мора да се чува соживотот.
„Сигурен сум дека вашата земја е добра, најубавите мозаици се тие што имаат многу бои“, ќе каже папата Фрациск во своето обраќање.
Северна Македонија ќе биде 42 држава што ќе ја посети папата Франциск од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. Посетата ќе трае десетина часа и предивдени се пет обраќања до граѓаните. Според официјалниот протокол папата и неговата делгација ќе слета на скопскиот аеродром во вторник наутро. Папата Франциск ќе има средба со државниот врв во вилата Водно од каде ќе продолжи кај меморијалниот центар Мајка Тереза каде ќе се сретне со верските лидери во државата. Централниот настан е мисата која ќе ја одржи на Плоштадот на која ќе пристигне со неговиот папа мобил, а на која, според последните официјални информации на Владата и МВР, ќе присуствуваат 11,500 граѓани од нашата држава но и соседните земји. Оттаму тој ќе замине за Катлочката црква каде е предвидена средба со млади од различни конфесии.
Скопје забрзано се подготвува за посетата на папата Франциск. Се крпат, чистат и украсуваат улиците долж трасата по која ќе се движи делегацијата. Плоштадот се средува и заградува делот во кој ќе бидат сместевни верниците кои ќе присуствуваат на мисата. Околните градилишта се покриени со бело платно.
За време на посетата на папата ќе важат посебни безбедносни протоколи, центарот на градот ќе биде забранет за сообраќај а полицијата апелираше до жителите во овој реон во понеделник да ги паркираат своите возила надвор од периметарот кој ќе биде забранет за сообраќај доколку сакаат да ги користат. Градските автобуси ќе сообраќаат по посебен режим а скопскиот аеродром ќе биде затворен неколку часа како и делот приодот кон аеродромот.
Во Клиничкиот центар нема да може да се влезе во автомобили од понеделник попладне па се до заминувањето на патата а сите прегледи во рамките на „Мој термин“ закажани за вторник се откажуваат и ќе бидат презакани во најбрз можен временски рок. Од министерството за здравство соопштија дека пациентите од целата држава ќе можат непречо да ги добијат неопходните задрвствени интервенции и апелираат доколку има потреба да ги користат Воената болница и поранешната градска болница, додека Клиничкиот центар ќе прима само итни случаи.
Огнен Чанчаревиќ