Видео од местото на авионската несреќа

МВР денеска објави 8 секунди долга снимка од местото на несреќата од падот на авионот Цесна, во која загина 4-члено бугарско семејство.

Во несреќата загинаа Г.А.Б. (1970 год.), К.Ц.К.Б.(1972 год.), Г.Г.Б. (2005 год.) и Б.Г.Б. (2000 год.) сите од Република Бугарија.

„Министерството за внатрешни работи изразува сочувство до роднините на починатите и до сите граѓани на Република Бугарија. Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител“, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

На фотографиите кои ги објави МВР се гледа смачканиот и целосно уништениот труп од авионот од тип Цесна.

На местото на несреќата увид извршиле и двајца обвинители од скопското обвинителство.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ