
(видео) Мицкоски: Задоволни сме од постигнатиот договор
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски изјави дека е задоволен од постигнатиот договор, особено во делот за формирање на техничка влада по Пржинскиот модел за организрање на секои избори. Рече дека сега опозицијата се чувствува комотно и дека секако ќе има успешен изборен процес. Додаде дека е догворено да се запре постапката за измени во изборниот законик и членовите на ДИК повторно ќе се бираат со двотретинско мнозинство. Во вториот дел од средбата рече дека ќе се договараат за референдумскиот процес.