
(видео) Мелни пелени причина за миризбата поради која беа евакуирани станарите
Поради неподнослива миризба која кај дел од жителите предизвикала печење на очите и кашлање синоќа целосно беше евакуирана зградата кај TЦ Скопјанка.
На терен излегоа специјални полициски екипи, пожарникари, брза помош, а беа повикани и социјалните служби. Дел од граѓаните беа извлекувани со гас маски и во акцијата никој не е повреден. После неколку часа неизвесност на терен излегоа и специјални единици на АРМ и беше утврдено дека миризбата на амоњак всушност е предизвиката од станот 11 на вториот кат во кој живееле две жени, мајка и ќерка, а каде се пронајдени голем број употребени пелени.. Во подножјето на зградата има и скитник кој вршел нужда во шишиња. Објаснувањето на надлежните служби беше неприфатливо за жителите на оваа зграда..
Градоначалникот Шилегов за да ги убеди станарите им покажа видео снимка од внатрешноста на станот и тие не може да поверуваат дека тоа е причината поради која ноќта ја минаа надвор. Шилегов рече дека овој проблем ќе го решат социјалните служби. И дека целосната децифекција на зградата ќе започне утринава.