ВИДЕО: Хеликоптер на МВР од 1973-та леташе и на половина век прослава на единицата

Полициските хеликоптерски единици прославија половина век од формирањето. На одбележувањето на нивниот ден полициските пилоти ги покажаа и своите пилотски способности пред гостите.

И покрај обемните и ризични операции, единицата се уште користи и два хеликоптери произведени пред повеќе од 40 години. Најстар е хеликоптерот „бел“ произведен во 1973-тата. Во моментот хеликоптерските единици на МВР изведуваат операции за потрага и спасување како и за медицинска евакуација.

На прославата им беше оддадена им беше оддадена почит на припадниците на единицата кои загинале во вршење на задачите, а во последната несреќа пред 5 години кај Струмица загинаа 4-ца пилоти на МВР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ