
(видео)Хасани: Седум повредени се донесени на Ургентен од кои четворица сериозно
Директорот на Ургентен центар Скопје, Илир Хасани изјави дека во оваа болница се донесени седум пациенти, од кои четворица имале сериозни повреди. Една бремена жена која има специјaлаен третман поради тешките повреди.
На ортопедија се донесени две жени кои се во стабилна состојба.
Список со имиња на повредените е објавен во Клиничкиот центар, а еден патник кој е најсериозно повреден е неидентификуван.
Вицепремиерот Бујар Османи рече дека роднините се во тешка состојба за да ги пронајдат своите најблиски и дека не знаат во која болница се пренесени.