
(видео) Груевски ги избегна новинарите
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во предметот Титаник на СЈО, утринава на влезот од Кривичниот суд пристигна на рочиштето, но разговарајќи на мобилен телефон и со брз чекор ги избегна новинарите и не даде никаква изјава.
Неговите адвокати денеска треба да се информираат кај кој судија е распределен предметот за извршување санкции, а кој има рок од 8 дена да изготви уаптен акт за извршување на казната затвор од две години, која му беше изречена за предметот Тенк, односно набавката на Мерцедесот од 600-тини илјади евра.
Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави.
Одбраната најави дека ќе бараа одложување на на извршувањето на правосилната пресуда, но не наведуваат што ке наведат како причина. Одбраната може да бара вонредно преиспитување на пресудата кое треба да се поднесе во рок од 30 дена од приемот. Бидејки, Груевски е актуелен пратеник, а се откажа од имунитетот кога влезе во судскиот процес сега станува прашање дали тој ќе може да го задржи пратеничкито мандат доколку замине на издржаување казната без да му биде прифатен предлого за одлагање.
Инаку, на денешното рочиште за Титаник, кое се однесува за иборните нерегуларности, треба да се слушнат и дел од преостанатите 400 необјавени бомби кои се дел од доказната постапка.