(видео) Џиновско евро за приближување на Македонија кон ЕУ

Скулптура на евро монета која беше денес поставена во центарот на Скопје е новата урбана акција на група уметници кои повторно ги обединија уметноста и активизмот. Целта на оваа граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“ како што велат уметниците  е поддршка на напорите за приближување на Македонија и нејзините граѓани кон ЕУ како насока за која нема замена.

Ваквите урбани акции и визеуелните пораки поставени на фрекфентни места веднаш го привлекоа вниманието на минувачите, на оние кои беа свесни за актуелните дилеми, но и оние кои на тој начин станаа свесни за нив. Скулптурата на лебот, Риболов по дупките на улиците во Велес, Статуа на дијазепамот во Скопје и Ајкулите во Вардар на групата „Урбани уметнички акции“ ги обединија уметноста и активизмот со една цел решавање на локалните, но и глобалните проблеми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ