
Вo Дебар и Центар Жупа заврши скринингот- од вкупно 2.342 тестови, 35 позитивни
Во општините Дебар и Центар Жупа заврши тестирањето на населението во рамките на скринингот кој беше реализиран во согласност со барањето на Министерството за здраство, бидејки во овие општини беа регистрирани првите болни во земјава од овој опасен вирус.
Од вкупно 2342 тестирани лица во двете општини кај 35 лица резултатот бил позитивен, изјави денеска градоначалникот на Дебар Хекуран Дука . Инаку од наведената бројка на тестирања 2о5 се во општината Центар Жупа, каде што имамо само еден позитивен тест. Дебарскиот градоначалник информираше дека Дебар нема нови болни од вирусот Ковид 19 и ја изнесе оценката дека Дебар го победил Коронавирусот, и тоа само со почитување на владините мерки и самодициплината. Тој истакна дека битката со вирусот Ковод 19 не е завртшена заради што треба и понатаму населението да се придржува на мерките.
Во врска со безбедностната состојба дебарскиот градоначалник изјави дека таа е добра со одредени искчучоци. Имено во текот на нокта е регистрирана една кражба додека пак осум дебарчани не го почитувале полисицкиот час за време на викендот .
Денеска на средбата со новинарите Дука соопшти дека дебарчани кои биле во странсртво и биле во државен карантин 2 недели, по пристигнувањето во Дебар неоходно е да бидат самоизолирани уште други две недели.
Инаку жителите на градот по добивање на информации дека нема веке болни , видено се опуштени , но треба да се нагласи дека не сите носат маски.
Кенан Мимидиновски