Ветингот тешко дека ќе ги сопре семејните кланови во правосудството

Најавениот ветинг во правосудството отвори уште едно прашање со кое одамна никој не се занимава. Народната „Ако татко ти е владика тогаш ти ќе бидеш поп“ се повеќе важи и за судскиот систем.

Семејните кланови сочинети од адвокати судии обвинители често може да се сретнат по судовите. Не ретко на судењата се случува да се изземат судии, адвокати или обвинители оти се во меѓусебна роднинска врска. Според министерката за правда Рената Десковска овој проблем тешко ке се реши оти е противуставно некому да му се забрани да ја работи професијата која ја сака.

  • Не е битно дали има роднински врски туку дали има незаконско влијание, маневски обид да се направи забрана роднини да им имаат адвокатски канцеларии, невозможно е мала земја сме не може да им забраните професија на одредени лица и тоа е лесно, секој може  да најде некоја одлука врз осноива на закон или влијанија, некогаш влијанјата доагаат не од роднини и посилни, вели Рената Дескоска – Министер за правда.

Проблем за роднинските врски на обвинители со судии нема ниту за судскиот совет, ни пак за обвинителскиот. Последен пример за тоа е изборот на сопругата на обвинителот на СЈО Артан Ајро,  Елеонора Ајро за судијка во управниот суд. Немаше доволно бодови инаку ќе беше избрана за судија во кривичниот, каде пак се водат токму предметите на СЈО. Ајро пак е поранешен соработник во управниот суд.

Советот на обвинители пак го тресеше скандал кога за обвинител беше избрана внуката на претседателот на советот Коле Штерјев, Марија Ѓорѓиева случај за кој се заинтересира и антикорупциската комисија. Сега Десковска вели дека со ветингот се очекува да се истражуваат комуникациите и меѓусебните врски на луѓето од судско обвинителските редови.

  • Се испитуваат комуникации во ветингот со врски мегу некои лица, дали комуницирале со криминално подземје, судски совет не може да им испитува од што е, но аспектот дали судски пресуди се стручни и совесни, вели Дескоска.

Законот за спречување на судирот на интереси е јасен. Во членот пет вели дека Службеното лице во кое спаѓаат и правосудните органи при извршувањето на јавните овластувања и должности не смат да се раководи од лични и семејни интереси. Но никаде во законот не се споменати судските одлуки и дали тие можат да бидат во кругот на адвокатско судко обвинителските семејства.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ