Весна Вучиќ: Не го потценувајте вирусот

Ве молам бидете сериозни и не го потцентувајте вирусот.  Моменталните бројки на заразени со Ковид 19 се загрижувачки. Јас и моето семејство минавме низ страшен период и сеуште не можам да се помирам, вели Весна Вучиќ сопругата на Драган Вучиќ кој ја загуби битката со Ковид 19 .

  • Разочарана сум од она што го гледам надвор. Млади мајки со деца со бебиња на улица без маски, возрасни што не веруваат во болеста. Младите кои можеби и нема да го почуствуваат вирусот, а ако се  заразени лесно го пренесуваатдома. Бројката е резултат на нашето однесување и несериозност, вели Весна Вучиќ. 

Се придржувавме кон препораките и јас и мојот сопруг, сепак ситуацијата со неговото здравје нагло се влоши. Вирус со многу непознати кој не треба во ниту еден миг да се потцени.

  • Мојот сопруг да почина од Ковид јас позитивна со незначителни симптоми без температура со губење на мирисот, со оглед на тоа ми се појавија и потешкотии во дишењето и бев хоспитализирана на Инфективната клиника и добив плазма од излекуван пациент од Ковид 19 со антитела. Многу ми помогна и за една недела станав негативна со уште две недели препорака за изолација, вели Весна. 

Секоја промена буквално за секоја промена треба да се извести матичниот лекар.  Веднаш штом ги почуствувале симптомите нивниот матичен лекар бил известен.

  • Нашиот матичен лекар доаѓаше речиси секој втор ден дома додека бевме дома, а бевме повеќемина заразени. Да не слуша, да не има некој наод. Значи сериозноста и на матичните лекари, јас од мое искуство да кажам беше крајно сериозен. На Инфективната клиника се прават, но ако ние не соработуваме, ако не се справуваме самите со себе, ако препораките не ги почитуваме, сето тоа е залудно, препорачува Весна Вучиќ. 

Вучиќ со апел сите кои се излекувани да даруваат крвна плазма и да им помогнат на оние кои имаат тешка клиничка слика за да бидат успешно излекувани.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ