Вештачење: Возачот на „Дурмо турс“ не заспал, ниту пак зборувал на телефон

Судењето за сообракајката кај Ласкарци  продолжи си вкрстено испрашување на адвокатите за на сообраќајниот вештак. На дел од нивните прашања тој повтори дека вештачењето утврдило дека возачот не заспал, ниту дека зборувал на телефон туку дека друго влијаело на кратко да го изгуби вниманието. По собракајниот вештак следно на ред е вештачењето на психијатарот кој прегледувал возачот на автобусот.

Меѓу шестемина обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, шефот на возниот парк Ремзи Мифтари возачот на автобусот Маноил Трифуновски и вработени во станицата за техничка контрола.

На денешното рочиште како нов адвокат на второобвинетиот Ремзи Мифтари се приклучи и поранешниот обвинител Марко Зврлевски. Сообраќајката во која 16 мина патници го загубија животот а 38 беа повредени се случи  на 13 февруари минатата година.  Автобусот што се движеше од Скопје кон Гостивар излета од автопатот во близина на селото Ласкарци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ