Верушевски и Мијалков се соочија во „Таргет Тврдина“

На рочиштето „Таргет Тврдина“ денеска се соочија поранешниот разузнавач а сега советник во Владата, Зоран Верушевски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во овој случај. Верушевски се појави како сведок.

Обвинителката Ленче Ристовска побара Обвинителството да постави дополнителни прашања за правилно утврдување на фактичката состојба, но судот го одби барањето бидејќи на минатото рочиште нејзиниот колега Артан Ајро изјавил дека нема повеќе прашања.

Судот укажа дека Обвинителството може на крај од постапката да постави дополнителни прашања. И Мијалков и одбраната се изјаснија дека немаат прашања за сведокот Верушевски.  

Предметот Таргет-Тврдина  е еден од предметите на СЈО во кој треба да се се утврди кој нелегално прислушувани 20.000 граѓани преку системите за следење на комуникации во УБК.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ