
Верушевски доби 42 илјади евра отштета- но нема никакви детали за „бомбите“ на Груевски во Унгарија
По околу 120 евра за секој ден минат во притвор отштета. Верушевски, екс разузнавачот, а сегашен советник за безбедност во кабинетот на Заев, не дојде во граѓанскиот суд да ја слушне одлуката за притворот кој го одлежа во неуспешниот случај Пуч, кога претходната власт со приказната за шпионажа сакаше да го претрка објавувањето на бомбите.
Верушевски бараше 67 илјади евра, но му беа досудени 42 илјади евра затоа што судот утврди дека со неоправданиот притвор му е нарушена честа, угледот, достоинството. Отштетата за притворот се плаќа од државниот буџет, од парите на граѓаните, а не од оние кои погрешиле. Речиси цела 2015-та Верушевски ја мина во притвор, а отштета од државата од над 17 илјади евра доби и неговата сопруга Соња Верушевска затоа што тие беа семејно гонети од власта на Груевски.
Токму Груевски како одговорен за нелегалното прислушување за да остане на власт, го посочи Зоран Верушевски но како сведок во предметот Тврдина Таргет на СЈО. Тогаш Верушевски со збор не го спомна неговиот колега, екс директор на УБК Мијалков. Еден од ретките кој не го анализирал сведочењето на Верушевски, а соработува и преку партиска комисија за внатрешни работи и во владата е министерот Спасовски.
На сведочењето како сведок на СЈО, Верушевски рече дека Груевски, како и бегалците Горан Грујовски и Никола Бошкоски имаат многу нелегални разговори со кои тргуваат со разузнавачките земји каде се пребегани. Иако најави и прес конференција во владата на таа тема, досега ниту има информации за официјална истрага ниту нови детали.
Миомир Серафиновиќ